ПОЛИТИКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ДОНИРАЊЕ.

Со самиот пристап на интернет страницата на Хандимак и при донација на одреден износ, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа политика за користење на системот за електронско донирање.

Хандимак ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ/ДОНАТОРИТЕ

Хандимак ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Хандимак нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Лицето кое донира воедно гарантира за точноста на внесените податоци. Хандимак не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Хандимак ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Хандимак за целото времетраење на трансакцијата/донацијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на платежната картичка на донаторот, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со сметката на донаторот во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line донирање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ ЗА ДОНАЦИИ НА СРЕДСТВА

Донацијата и вкупниот износ на донацијата не се истакнуваат на оваа интернет страница. Со прибраните донации, Хандимак ги реализира своите годишни планови и истите ги објавува во годишни извештаи, заедно со вкупниот износ на прибрани донации.

Донирањето на средства може да биде со кредитна/дебитна картичка.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на донирање можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ДОНАЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

 Хандимак не врши поврат на веќе донирани средства по било кој основ и секоја донација се смета за финална.